fbpx

28 милиони денари годишно за поголемо присуство на европската културна сцена

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, Роберт Алаѓозовски, претседател на Комисија за култура на СДСМ

 

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

СДСМ продолжува да креира и имплементира развојни мерки и политики кои го подобруваат секојдневниот живот на граѓаните.

Мерките на полето на културата се на прав пат!

Владата предводена од СДСМ овозможи значајна и континуирана поддршка на граѓанскиот и независниот културен сектор.

Се воведе буџетска ставка за програмска поддршка на проекти што се комбинација на повеќе уметнички и академски дисциплини во износ од 28 милиони денари годишно.

Како нова, програмата е поделена на 4 категории и тоа: Интердисциплинарни проекти, Мултидисциплинарни, Трансдисциплинарни и Нови модели на јавни простори во културата.

 

Вкупно се реализираа 176 проекти од кои 71 во 2018 и 105 во 2019 година, во Скопје, Штип, Битола и Гевгелија.

Засиленото присуство на независниот културен сектор на македонската културна сцена доведе до низа проекти и иницијативи кои значат нови продукции, експериментаторски практики и модели на дејствување и воведување добри практики на одржлив раст и работење.

Поддржавме многу програми и проекти што ги унапредуваат европските перспективи во македонската култура.

Ја зголемивме европската мобилност на македонските уметници, културни експерти и менаџери во културата и нивно присуство на европската културна сцена.

Имаме интензивирана меѓународна и регионална соработка, вмрежување и копродукции, засилена афирмација и признание на македонската култура на европски и светски план.

Владата предводена од СДСМ останува посветена секојдневно да работи исклучливо во интерес на државата и граѓаните.

Последни вести