fbpx

Помошта од петтиот пакет мерки стигнува до граѓаните, деструкциите на опозицијата одново се поразени

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Пратениците од парламентарното мнозинство, предводено од СДСМ, ги усвои законите кои ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата со месеци свесно и намерно ги блокираа.

Поддршката за исплата на плати за месец февруари и март деновиве започнува да пристигнува кај граѓаните.

Блокадите, лагите и деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата, одново се поразени.

Разликата е очигледна.

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ стори сѐ помошта што е обезбедена со мерките од Владата, да стигне до граѓаните на кои им е потребна, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата правеа сѐ законите да не се донесат, мерките да се одолговлекуваат и десетици илјади работници да останат без плати.

Уште еднаш се потврди дека ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата работат за сопствени интереси, на штета на граѓаните и државата.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ шест пати по ред е казнето од граѓаните на избори и уште долго ќе остане во опозиција.

Последни вести