fbpx

Генералниот секретар Николовски со честитка за Велигден: Да ја празнуваме победата на животот и вербата во праведното

Facebook
Twitter
LinkedIn

Видео обраќање, Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ

 

Почитувани православни верници, драги сограѓани,

Нека е за многу години големиот христијански празник Воскресение христово – Велигден.

Посакувам возвишеноста на овој ден да донесе благословени празнични денови, среќа и спокој за секој верник, за вас и вашите семејства.

Нека овој голем христијански празник ги исполни вашите срца и вашите домови со добрина и љубов.

Христовото саможртвување да ни биде водилка за човековите вредности кои ги споделуваме.

Да ја славиме победата на животот, победата на вербата и победата на доброто, на праведното.

Затоа што Велигден е олицетворение на новите почетоци, на надежта, но и на правичноста и солидарноста.

Ви посакувам добро здравје и духовна сила. Да ја шириме таа добрина, и надеж на Воскресението христово.

Христос Воскресе – навистина Воскресе!

Честит Велигден!

Последни вести