Прес конференција, Виолета Дракалска – советник во Советот на Општина Битола
Почитувани граѓани, почитувани медиуми, НА ПРАВ ПАТ СМЕ! СДСМ како одговорна и државотворна партија продолжува со мерките кои ги вети во програмата План за живот.
Го исполнивме ветувањето за укинување на квотите за лековите на рецепт, со што решивме децениски проблем. Граѓаните веќе не мора да се грижат дали ќе можат да го подигнат соодветниот лек, бидејќи со укинувањето на квотите за лекови овозможи подигнување на лекот во било која аптека и во било кој ден од месецот.
Нема повеќе турканици кај матичните лекари и пред аптеките, нема повеќе потреба од правење “ домашни аптеки” Преку оваа мерка истовремено се зголемуваат контролните механизми при издавањето на лекови ( од позитивната листа на фондот за здравство ) и се елиминира можноста од злоупотреби преку издавање на фиктивни рецепти. Во насока на подобрување на здравствениот систем и грижата за пациентите, воведени се 3 нови инсулини и дополнителни 10 инсулински пумпи за дијабетичарите, а значително се зголемени и средствата за нови лекови за лицата со ретки болести.
СДСМ преку конкретни мерки ја зголемува грижата за пациентите, го враќа достоинството на здравствените работници и ги подобрува условите во здравствените јавните установи.
Продолжуваме со мерки и политики кои ја враќаат довербата во јавното здравство и остануваме посветени во создавање на здравствен систем кој ќе се грижи за сите граѓани.