Соопштение за јавност
Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев континуирано обезбедува поддршка на домашната економија.
Во изминатите три години со околу 70 милиони евра поддржани се 800 компании преку Планот за економски раст. Од нив, 42 милиони евра се средства од Фондот за иновации и технолошки развој, односно буџетски пари вложени директно во домашната економија, инвестирани во развој и отворање на нови добро платени работни места.
Бројните статистички податоци потврдуваат дека економските политики на Владата предводена од СДСМ даваат резултат.
Последиците од коронакризата се надминуваат, во изминативе месеци се забележува раст на просечната плата, раст на извозот и индустриското производство, додека стапката на невработеност бележи благ пад.
Токму овие податоци се показател дека денес македонската економија е стабилна, развојна и динамична.
Поддршката за домашната економија од страна на Владата предводена од СДСМ продолжува и понатаму. Во тек е реализација на петтиот и шестиот пакет економски мерки.
Како одговорна партија остануваме посветени на креирање и реализација на мерки и политики во интерес на работниците и стопанството.