Соопштение за јавност
Додека претседателот Зоран Заев во Брисел се сраќава со политичкиот врв на Европската унија и прави се да продолжи интегративниот процес, бранејќи ги националните и државни интереси, ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот Христијан Мицкоски, шири лажни вести и блокира се што е во интерес на граѓаните.
Наместо да ги брани интересите на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ брани криминал, наместо да ги застапува државните и националните интереси, ВМРО-ДПМНЕ ги застапува интересите на Мицкоски.
Блокадите на Законот за клинички центар, Законот за служба во Армијата и други двесеттина закони покажува дека во оваа партија нема ништо патриотско, туку дека едноставно се на спротивната страна од интересите на граѓаните.
Поради таквиот однос ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски шест пати се казнуваат од граѓаните и поради таквиот однос уште долго ќе бидат опозиција.