Прес конференција, Милан Живковиќ, претседател на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани медиуми
На прав пат сме!
Како одговорна партија, преку реализација на бројни политики и мерки, покажуваме дека се грижиме за секој граѓанин.
Повеќе ниту едно дете до три годишна возраст не живее во институциите во Република Северна Македонија.
Со отворањето на петте мали групни домови во Битола, Министерството за труд и социјална политика со своите партнери го започна процесот на целосна трансформација на „Мајчин дом“ и сите 27 деца се веќе преселени во објекти коишто наликуваат на топол семеен дом.
Домот во Битола не се затвора, се трансформира во давател на нови, современи социјални услуги. На почетокот од 2020 година ќе започне да функционира регионалниот Центар за поддршка на згрижувачките семејства, како и други услуги предвидени со Законот за социјална заштита. Со последите 5 мали групни домови во Битола во нашата држава се отворени вкупно 17 мали групни домови.
Со ова процесот на вадење на сите деца од институциите завршува една година порано од предвидениот рок. Во 2017 година кога започна процесот имаше 180 деца во институции, сега има останато само уште 11 деца кои се постари од три години, а Министерството за труд и социјална полтика работа e посветена на тоа и тие до крајот на годината исто така да бидат згрижени во топол дом.
Го подобруваме начинот на грижа за децата во најрана возраст со квалитетни просторни и физички услови во кои живеат децата. Но, исто така работата во групните домови ќе им овозможи на социјалните работници да имаат индивидуален пристап кон секое дете, согласно неговите желби и потреби. Со ова ќе им се овозможува на децата квалитетен раст и развој, но и еднаква основа за понатамошен успех како и на сите други деца кои растат во семејна средина.
Почитувани,
div>Се грижиме за сите граѓани. Реализацијата на ваквите политики покажува дека социјалната заштита е на прав пат.
Продолжуваме да работиме на подобрување на грижата и социјалната заштита на граѓаните. Градиме општество кое отвора еднакви шанси за сите.