fbpx

Со Сиљановска и Дурловски заедно, Мицкоски не може да обнови ништо друго освен деструкцијата, криминалниот режим и поделби на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Мухамед Зеќири, потпретседател на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,
 
Во ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски нема никакви промени, партијата се уште е заглавена во матрицата на деструкција и одбраната на криминалот.
 
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да обноват ништо освен криминалиот режим и темните години на изолација и неизвесност.
 
Дали лидерот на ВМРО-ДПМНЕ планира да изврши обнова или разградување на земјата преку Гордана Сиљановска која јавно кажа дека се залага за откажување од Договорот од Преспа и соработката со Албанците во државата?
 
Ако Гордана Сиљановска е за поништување на Договорот од Преспа, ако за неуспешниот претседателски кандидат за Злбанците нема место во Република Северна Макеоднија, тогаш не може да се очкува ништо европско и прогресивно од ВМРО-ДПМНЕ.
 

Појавувањето на Игор Дурловски во листата која наводно треба да ја обновува државата значи најава на соништата од минатото за погазување на парламентарната демократија во земјата. Најава за нов крвав четврток или црн понеделник во Собранието.
 
Со кого и да настапува ВМРО-ДПМНЕ едно е јасно – ова раководство на партијата има за цел да ја спасува фамилијата и криминалците во сопствените редови.
 
ВМРО-ДПМНЕ со ова раководство ниту има визија, ниту посакува сигурна иднина за својата земја. ВМРО-ДПМНЕ со ова раководство е завршена приказна.
 
Мицкоски прво треба да расчисти со криминалците во своите редови, наместо да ги штити, потоа да им се извини на граѓаните за грабежот од неговата партија, па тогаш нека зборува за нов тим и нови политики.
 
До тогаш, нека ги остават институциите да го довршат реформскиот процес што е започнат и нека престанат со опструкциите.
Последни вести