fbpx

Растот на индустриското производство од 9.8 отсто ја потврдува успешноста на економските реформи

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, Кети Смилеска, пратеничка на СДСМ и коалицијата

Почитувани медиуми, почитувани граѓани,

Успешноста на економските реформи на Владата предводена од СДСМ во континуитет се потврдува.

Клучните економски параметри  покажуваат вистинско придвижување на економијата, а при тоа се повеќе пари завршуваат кај граѓаните.

Во таа насока е и растот на индустриското производство од 9.8 отсто за август 2019 во споредено со истиот месец претходната година.

Економските политики на Владата предводена од СДСМ овозможија растот на индустриското производство да биде постојан и да биде најголем во последните седум години.

Покрај растот на индустриското производство, раздвижена е целата економија.

Минималната плата се зголеми, а со Ребалансот на буџетот за 2019 година, предвидени се 400 милиони денари за субвенционирање на трошоците за социјално осигурување за компаниите кои ќе ги зголемат платите на своите работници до 6.000 денари.

Исто така со ребалансот обезбедени се и 200 милиони денари за активни политики и мерки за поддршка на вработувањето со цел да се намали невработеноста која е на историски најниски 17.5 отсто.

Почитувани,

Ова се само дел од официјалните податоци кои ја потврдуваат успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ. Продолжуваме посветено на реализација на мерките што овозможуваат економски раст, нови работни места, повисоки плати и повисок животен стандард за сите граѓани.

За нас зборот важи!

Последни вести