fbpx

За две години изградени над 400 километри водовод и канализација, продолжуваме со инвестиции во инфраструктурата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Пред конференција на СДСМ, Благој Бочварски, претседател на комисијата за транспорт и врски 

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

 

Како одговорна политичка партија со нашето домаќинско работење ги исполнуваме ветувањата што ги дадовме пред граѓаните.

 

Наместо на стиропор, лажен барок и споменици, на што ВМРО-ДПМНЕ ги трошеше парите на граѓаните, ние парите ги инвестираме за да ги решиме егзистенцијалните и суштински потреби на граѓаните.

 

Инвестираме како во надземна инфраструктура и обезбедување на сигурни и безбедни улици и патишта, така и во подземна инфраструктура, во водоводни и канализациски мрежи.

 

Низ територијата на целата држава, изградени се преку  400 километри водоводи и канализации, од кои само преку владини програми околу 250 километри, а останатите се од средства на локалните самоуправи.

 

До сега, пуштени се во употреба пречистителни станици за отпадни води во Гевгелија, Радовиш, Струмица, Кичево, Прилеп и Кочани, а во наредниот период следува изградба во уште 4 општини.

 

Одредени рурални средини за прв пат добиваат бунари за водоснабдување и водоводна мрежа.

 

Изградени се нови бунари за водоснабудвање во с. Драгобраште, с. Борино, с. Горно Агларци, како и за прв пат се воспоставени вододни мрежи во населбите Волково, Стопански Двор и Кисела Јабука во Скопје и населбата Балканска во Штип.

 

Се гради насекаде, како никогаш досега, се решаваат проблемите на граѓаните кои со децении биле игнорирани.

 

Решаваме  децениски, суштински, егзистенцијални проблеми на граѓаните, со донесување на чиста и квалитетна вода за пиење.

 

p>Извршната и локалната власт во соработка постојано го подобруваат животот за сите граѓани низ цела територија на Република Северна Македонија!

 

Зборот важи!

 

Во следниот период ќе продолжат активностите за подобрување на условите за живот на сите граѓани.

 

СДСМ продолжува со грижата за граѓаните во руралните средини, за нас секој е важен. 

Последни вести