Секретар за меѓународна соработка

АНДРЕЈ ЖЕРНОВСКИ

‭Дата на раѓање: 26.11.1968‬
‭• Националност: Македонец‬
‭• Место на раѓање: Скопје, Република Северна Македонија‬
‭• Брачна состојба: женет, две деца‬

Академски податоци

* Дипломирал на Градежниот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј ” во Скопје.
• Mагистрирал на Универзитетот “ФОН” на тема: “Улогата и влијанието на Советот на Европа во развојот и остварувањето во поредокот на човековите
права”, под менторство на Проф. Д-р. Димитар Мирчев, со што станал
магистар за европска и меѓународна политика и диломатија

Професионална кариера

* 1996-2000: Заменик претседавач во Советот на Град Скопје;

* 2000-2002: Советник на Градоначалникот на Град Скопје;

* 2002-2011: Пратеник во Собранието на Република Македонија, во чии рамки
извршувал повеќе функции и надлежности:

1.‭ ‬Прв Ко-претседател на Мешовитиот Парламентарен Комитет Република Македонија-Европска Унија;
2.‭ ‬Член на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното Собрание на Советот на Европа, во чии рамки бил:
-‭ Член и ‬потпретседател на Комисијата за миграции, население и бегалци;
-‭ ‬Член на Комисијата за политички работи;
-‭ ‬Член на Комисијата за еднакви можности;
-‭ ‬Известител на Парламентарното Собрание на Советот на Европа
на тема: “Недозволена трговија со мигранти за прислино
вработување”;
-‭ ‬Известител на Парламентарното Собрание на Советот на Европа
на тема: “Барања за азил поврзани со родовата припадност”;
-‭ ‬Набљудувач на изборни циклуси во повеќе земји-членки на
Советот на Европа;
-‭ ‬Модератор и учесник на бројни меѓународни Конференции

3.‭ ‬Член на Комисијата за европски прашања;
4.‭ ‬Член на Националниот Совет за евроинтеграции;
5.‭ ‬Член на Комисијата за надворешна политика;
6.‭ ‬Член на повеќе пратенички групи на Собранието на Република
Македонија за соработка со Парламентите на други држави

•2013-2017: Градоначалник на Општина Центар – Скопје;

•2018-2020: Заменик министер за
надворешни работи во Владата на Република Северна Македонија;

•2021-2023: Координатор на градежните активностите во Министерството за здравство;

•2024-2025: Амбасадор на Република Северна Македонија во Романија