fbpx

Кривичната пријава за екс градоначалникот на Неготино потврда за криминалнто владеење на ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, Дане Мајсторчев – ОО СДСМ Неготино

Почитувани сограѓани, владеењето на правото е едно од темелните принципи на СДСМ како партија на власт.

Единствениот пат по кој мора сите да се движиме е патот на правдата и праведноста.

Нема правда – нема мир!

Токму овој слоган беше актуелен и често се слушаше низ неготинските улици , додека во Неготино на власт беше ВМРО ДПМНЕ и градоначалникот Ванчо Апостолов.

Изминативе денови се докажа дека ние од СДСМ и граѓаните на општина Неготино сме биле потполно во право кога го обвинувавме тогашниот градоначалник, Апостолов, за недомаќинско и криминално раководење со општината. Поднесената кривична пријава од страна на МВР против Ванчо Апостолов и неколку негови блиски соработници е само еден од низата докази.

 

Почитувани граѓани,

Станува збор за пријава во која Ванчо Апостолов се товари за злоупотреба на службената положба и несовесност при работењето, со што е причинета штета од над 7 милиони денари на буџетот на општина Неготино.

Изразуваме надеж дека наскоро и во судска постапка ќе биде докажана кривичната пријава, а сторителите соодветно казнети.

Сакаме денес да упатиме две пораки.

Првата е до колегите од ОК ВМРО ДПМНЕ Неготино. Да ве прашаме господа од ДПМНЕ, зарем не чувствувате потреба да се прозинесете по новонастанатите состојби? Зарем не чуствувате потреба да се оградите од човекот кој во изминатиот период ја уништуваше општина Неготино, или пак ке продолжите да штитите криминалци?

Втората порака е до институциите кои се задолжени за гонење на сторители на кривични дела да продолжат со работа, дури и да го засилат темпото. Ве охрабруваме за отварање на постапки во секој сегмент кадешто можеби се сторило кривично дело, како за функционирањето во минатото, така и за актуелните функционери. Бидејќи право и правда мора да има.

Ви благодарам

 

 

Последни вести