Изјава за медиуми, Дарко Конески, член на ЛК СДММ Центар
Почитувани граѓани,
Започната е реконструкција на коловозот и тротоарите на улиците Бихаќка и Црниче кои претставуваат граница помеѓу Општина Центар и Општина Кисела вода.
Екипите на Град Скопје ги започнаа градежните активности кои се одвиваат на должина од 810 метри на потегот од крстосницата кај подвозникот до улица Востаничка и истите се очекува да завршат во рок од 30 дена.
Со чесно работење, без сомнителни јавни набавки и криминални проекти, може да се обезбеди подобар живот за граѓаните, почиста и урбана животна средина и уредена инфраструктура.