Изјава за медиуми, Стефан Васев од СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Шести ден во белиот дворец зад мене молчат и не одговараат на јавно поставеното прашање:
Дали Орце Камчев ja финансирал изборната кампањата на ВМРО-ДПМНЕ?
Нема одговор ниту за тоа дали сите донации за кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори се нотирани во Финансискиот извештај на партијата?
Молчи Христијан Мицкоски, а молчи и Игор Јанушев како потписник на сметката и шеф на изборниот штаб.
Молкот во ВМРО-ДПМНЕ отвора бројни сомнежи.
Што сака да сокрие Христијан Мицкоски поврзано со финансирањето на последната кампања? Линковите со Камчев, неговите донации или пак можеби неговата улога во случајот познат како „Рекет“?
Во ВМРО-ДПМНЕ требада знаат дека од правдата и од вистината нема бегање.
Мицкоски мора да излезе пред јавноста и да одговори на сите прашања.