Прес конференција, Методија Илиевски – координатор на советничка група на советот во општина Битола
Почитувани,
Подсекторот млечно говедарство во Р. С. Македонија во изминатите 5 години бележи тренд на развој особено кај деловните субјекти. Тоа се должи на политиките на Владата која во самиот потсектор говедарство од вкупната финансиска поддршка во земјоделството во делот на сточарскотото производство изнесува над 50% од вкупната финансиска поддршка во сточарството која вкупно изнесува 2 милијарди денари или поточно млечното говедарство се потпомага со 18 милиони евра на годишно ниво.
Ако тоа го изразиме по грло на финансиска поддршка на млечна крава поддршката изнесува 24.000 денари по крава на годишно ниво или 400 евра годишно по крава годишно. Со оваа поддршка ние сме лидери во Европа, но Владата на Р.С. Македонија оваа година преку програмата за рурален развој во мерката за набавка на добиток издвои историски најголема сума од 150 милиони денари за набавка на високо генетски педигриран репродуктивен материјал т.е високо квалитетни јуници. Оваа мерка има извореден интерес кај виситинските производители на млеко и се очекува во Р.С Македонија да се набават 1.400 грла на високо млечни крави кои ќе го подобрат квалитетот на млеко производството. Истотака преку програмата за рурален развој и ИПАРД 2 програмата ќе се набави механизација и опрема за земјоделски стопанства кои што ги исполнуваат условите на ЕУ.
Во тек е и процедурата за изградба на пилот проект за Агроекономска зона за потребите на млекопроизводителите во општините Могила, Кривогаштани, Битола. Овој проект е поддржан од страна на УСАИД и Владата на Р.С. Македонија и со негова реализација ќе се издигне млекопроизводството на едно повисоко ниво.
Како и во изминативе 2 години Владата на Р.С Македонија ќе продолжи со истото и засилено темпо да го поддржува подсекторот млекопроизводство како многу значаен сегмент од сточарското производство. Во секоја високо развиена земја сточарскотот производство е додадената вредност на земјоделското производство и целта на политиките на Владата е да сточарското производство да учестува најмалко со 45% во вкупниот бруто производ на земјоделското производство.