fbpx

Целосно инфраструктурно уредување на улица „Сутјеска“

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, Даниела Ќосевска, членка на ИО на ОО СДСМ Штип
Штип, 12.09.2019

Почитувани, 

Денеска како членка на ИО на ОО СДСМ Штип од населба Автокоманда зборувам за целосното инфраструктурно уредување на улицата „Сутјеска“, која е витална сообраќајна артерија во нашата населба.

Оваа улица со години беше недопрена и оставена на забот на времето. Но, во изминатите неколку месеци, локалната власт предводена од СДСМ спроведе суштински важни потфати кои значително ја подобрија и осовременија инфраструктурата во овој дел од градот.

Се разбира, преземените дејства и потфати беа темелни и сеопфатни, со што се обезбедија долгорочни практични решенија за жителите, а во целост е елиминиран принципот на таканаречено „шминкање“ или само привидно уредување, што беше одлика на претходната власт.

Впрочем, пред воопшто да започне видливиот, финален продукт од оваа реконструкција, се реши еден долгогодишен проблем на граѓаните. ЈП „Исар“ целосно ја реконструираше водоводната линија на улица „Сутјеска“.

Обновени се 310 метри главна водоводна линија, 350 метри сервисна линија и 230 метри приклучни врски за нови 40 домаќинства на улиците „Никола Тесла“, „Пролетерска“ и „Астибо“. Изработени се 900 метри должни нова водоводна линија со нови цевки, бидејќитукашните жители често се соочуваа со проблеми какопукање на водоводните цевки, слаб притисок, а честопати воопшто немаше вода за пиење. Со одговорно и домаќинско работење, тие проблеми ги оставивме во минатото. ЈП „Исар“ и Општина Штип инвестираа околу 4,2 милиони денари или околу 70.000 евра за целосно отстранување на проблемот со водоснабдување.

Дополнително, Општина Штип вложи 1,5 милиони денари или 25.000 евра за целосна обнова и санација на асфалтната површина на улица „Сутјеска“. Граѓаните знаат дека оваа улица беше во навистина дотраена состојба, па покривањето на истата со квалитетен слој асфалт е и повеќе од добредојдено.

Само за комплетното инфраструктурно уредување на овој дел од населба Автокоманда локалната власт предводена од СДСМ вложи над 5,7 милиони денари или безмалку 100.000 евра само во оваа година. 

Така се работи одговорно, чесно, домаќински и целосно во интерес на граѓаните.

Така и ќе продолжиме да работиме.

Граѓаните тоа го препознаваат и го вреднуваат.

Последни вести