fbpx

Заради спас на белиот дворец, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, свесно се обидуваат да ја жртвуваат иднината на државата и граѓаните во ЕУ и НАТО

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Ана Манасиева, потпретседателка на СДММ

Почитувани,

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски немаат намера да отстапат од одбрана на криминалите и тајкуните на режимот.

Овој скапоцен дворец зад мене очигледно е причината за антидржавното и деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски.

Поради дворецот зад мене, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се спремни да ги кочат реформите и да ја попречуваат правдата.

Заради спас на белиот дворец, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, свесно се обидуваат да ја жртвуваат иднината на државата и граѓаните во ЕУ и НАТО.

Но нема да им успее. Државата, граѓаните, незапирливо продолжуваат кон интеграција во ЕУ и НАТО. Нема да успеат обидите на ВМРО-ДПМНЕ да ја вратат државата назад во темното минато.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ остануваат осамени во деструкцијата, осамени во одбрана на криминалот.

Последни вести