Изјава за медиуми на СДСМ, Гордан Шутаров, организационен секретар на СДММ
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
На големиот државен празник, Денот на независноста, ВМРО-ДПМНЕ не испрати делегација, не положи цвеќе пред почивалиштата на поранешните претседатели на државата, Киро Глигоров и Борис Трајковски.
Со таквиот потег ВМРО-ДПМНЕ покажа непочит кон државата, кон националниот празник, минатото и двајцата први претседатели на државата.
Ништо не се менува во ВМРО ДПМНЕ, манифестира делби и на национален празник.
ВМРО-ДПМНЕ докажа дека ги интересира само одбрана на криминалот , осбрана на криминалците и тајкуните во сопствените редови.
Посветени на одбрана на криминалот, во ВМРО-ДПМНЕ очигледно немаат време да оддадат почит на 8 ми септември и претседателите Глигоров и Трајковски.
Почитувани,
ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува за државност и патриотизам бидејќи не го почитува Денот на независноста, не ја почитува историјата и не ја почитува државата.