Прес конференција, Емилија Костурски – советник во советот на Општина Битола
Завршена е рехабилитацијата на регионалниот пат делницата Битола -Демир Хисар во должина од 10 километри и тоа , денес, со задоволство сакаме да и соопштиме на целата јавност.
Овој зафат е со вредност од над 1 милиони евра кои беа обезбедени од Светска банка. Со градежните активности се започна во декември 2018 а во август оваа година делницата е комплетно завршена.
Како одговорна политичка партија, ги исполнуваме ветувањата што ги дадовме пред граѓаните.
Ветивме и интензивно работиме на унапредување на целокупната инфраструктура.
Изградбата на нови патишта, модернизацијата на патната мрежа и зголемувањето на безбедноста во сообраќајот се врвен приоритет за СДСМ и Владата која ја предводи. За нас, зборот важи!