Соопштение за јавност
Очајното и безидејно ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски доживеа нов дебакл со вчерашните протести на кои имаше повеќе автомобили отколку луѓе.
Граѓаните повторно испратија силна порака до Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, народот е против блокади!
Наместо во чувствителни моменти за државата да и помогнат, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ одмагаат и саботираат.
Мицкоски нема чувство за националните интереси и се обидува да ги саботира напорите да добиеме Меѓувладина конференција и премостување на блокадата во ЕУ.
Се што е во интерес на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ го кочи, опструира и блокира.
Затоа редат порази од граѓаните затоа уште долго ќе останат во опозиција, затоа што граѓаните се за напредок, просперитет и развој, а тоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не можат да го понудат.