fbpx

ВМРО-ДПМНЕ да престане со пристисоци врз судството, заврши времето на нарачки од белиот дворец

Facebook
Twitter
LinkedIn

Реакција на изјава на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ

За ВМРО-ДПМНЕ е несфатливо дека правосудните органи денес работат независно и професионално ослободени од политички и лични притисоци.

Затоа, како во режимот продолжува да врши притисок врз судството, да кажува како треба да работат и да одлучуваат правосудните институции во предмети во кои е инволвирано и самото ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата не може да се ослободи од режимската матрица во која е заглавена со години, не може да се помири со независно владеење на правото, па затоа очајно се обидува преку нарачки и притисоци да се меша во работата на правосудството.

Времето кога ВМРО-ДПМНЕ го инсталираше сваровски судството, кога судии и обвинители поставуваа од тефтерчето, кога нарачуваа предмети и диктираа пресуди е завршено.

Реформите што Владата, институциите ги спроведоа резултираа со силна, ефикасна и независна правна држава, а Христијан Мицкоски си остана на браникот на криминалот на својата партија.

Затоа граѓаните го казнуваат ВМРО-ДПМНЕ на избори, затоа Мицкоски го очекува уште еден пораз.

Последни вести