fbpx

Валандово со две нови и една реконструирана градинка, се грижиме за најмладите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, ОО СДСМ Валандово

 

Почитувани сограѓани,

Социјалдемократскиот сојуз интензивно инвестира во квалитетот на едукативниот процес на децата од предучилишна возраст.

Се инвестира во воспитно-образовниот кадар и се вложува во квалитетна инфраструктура каде се одвива едукативниот процес.

Во претходниот период, се зголемија платите за вработените во детските градинки за 16%, а од септември ќе има дополнително зголемување од 5%. Сакаме задоволни вработени, посветени на сопствената работа и праведно наградени за истата.

Во условите за едукација на најмалите, во општина Валандово се инвестира непрестано.

– Веќе се изгради целосно нова детска градинка во Бојмискиот реон со што се обезбедуваат еднакви услови за децата на предучилишна возраст, од тој дел од општината.
– Се реконструира централната детска градинка во Валандово. Забрзано се гради на целосно обновен, енергетско ефикасен и модерен објект. Се инвестира во безбедноста на децата се вложува во удобноата на најмалите.
– Во наредниот период, ќе се изгради целосно нова детска градинка во Јосифово. Наместо сегашните неадекватни услови, дечињата од Јосифово предучилишно едукативниот процес ќе го следат во современ објект изграден по сите стандарди. Затоа што сите заслужуваат еднакви услови.

Ќе продолжиме да инвестираме во образованието и во најмладите и ќе изградиме општина во која има иднина.

Социјалдемократскиот сојуз, инвестира по план и работи со концепт. Се држиме до дадениот збор и го исполнуваме ветеното. Зборот важи, делата говорат. Продолжуваме заедно кон посветла иднина.

Ви благодарам.

 

Последни вести