fbpx

Градиме по план, целосна обнова на улицата 23 Октомври

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Ивана Цветковска од ОО СДСМ Аеродром и претседател на Советот на општина Аеродром

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Градската власт предводена од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов, и локалната власт предводена од градоначалникот Златко Марин, продолжуваат да реализираат низ проекти кои се од интерес на граѓаните.

Конечно, жителите на Аеродорм ќе добијат целосно реконструирана значајна собраќајница. Станува збор за улицата 23 Октомври поранешна Владимир Комаров во должина од 800 метри, на потегот од Транспортниот центар до крстосницата со булеварот Јане Сандански.

Градежните активности за реконструкцијата на оваа собраќајница се предвидени да завршат во текот на наредната недела. Тоа е многу важно бидејќи ова е една од пофреквентните улици во оваа општина.

Претходно во соработка со градската власт, во рекордно време заврши реконструкцијата на булеварот „Февруарски поход“ во населбата Ново Лисиче.

Истовремено, општина Аеродорм за неполни 2 години целосно ги реконструираше улиците „Новопроектирана 8“ што ги поврзува Мичурин и Стар Аеродром, „Новопроектирана 3“ кај висококатниците, како и улиците „Тодор Чангов 20“ и „Ѓорги Капчев 9“ во Горно Лисиче, како и улица „4“ во Долно Лисиче.

Сето ова е потврда дека работиме одговорно, во интерес на сите граѓани.

Ги решаваме проблемите на граѓаните и работиме во нивен интерес.

За нас зборот важи!

Последни вести