fbpx

Обновени улиците во населба Баби, градиме по план и во Штип

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, Игор Богданов, член на Комисија за информирање при ОО СДСМ Штип

Почитувани сограѓани,

Денеска сме во населбата Баби, заедно со членот на ИО на СДСМ Штип од оваа населба, Драган Ристовски, како и претседателите на месните одбори на партијата во населба Баби, а со цел да зборуваме за вложувањата во инфраструктурата на оваа населба.

Имено, во изминатата година и пол, колку што СДСМ ја предводи локалната власт, само во населбата Баби се инвестирани над 200.000 евра во инфраструктура.

Жителите на Баби го забележуваат овој позитивен тренд, затоа што една од главните, витални сообраќајни артерии во населбава, улицата „Крушевска Република“ доби нов и квалитетен слој асфалт. Асфалтирањето на оваа улица се одвиваше во две фази: прво беа асфалтирани 1300 метри квадратни, а минатата недела беа асфалтирани 4150 метри квадратни, со сума на чинење од над 1.8 милиони денари.
Со новиот слој асфалт се обезбедува квалитетен сообраќаен проток за десетината илјади жители, но и за сите минувачи во оваа населба.

Во изминатите година и пол, колку што СДСМ ја предводи локалната власт, во населбата Баби се изградени две нови улици, односно улиците 6 и 7, а се работеше на санација на веќепостоечки канализациони и водоводни линии, како и на изградба на топол премин за учениците во ООУ „Славејко Арсов“ до просториите на спортската сала.

Почитувани сограѓани,

Нашава општина е претворена во едно големо градилиште на патишта на разна патна инфраструктура. Не постои регион во општинава во кој не се изведуваат градежни активности поврзани со подобрувања на инфраструктура. Општина Штип со забрзано темпо се претвора во општина која се одликува со современи улици и патишта, како што доликува на општина во држава која наскоро станува членка на НАТО и земја – сериозен претендент за отпочнување на преговори за членство во Европската Унија.

Последни вести