Изјава за медиуми, Ферат Асани, претседател на ОО СДСМ Шуто Оризари
Почитувани,
После неколку децении во општина Шуто Оризари, целосно се реконструираше улицата Индира Ганди која е најзначајната сообраќајница и воедно е лицето на оваа општина.
Градиме по план! За градските власти предводени од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов секој е важен!
Реконструкцијата на улицата Индира Ганди се изврши во должина од 1.100 метри, на потегот од раскрсницата со улицата Босна и Херцеговина и булеварот Словенија до улицата Бутелски венец.
Покрај коловозот се изврши и обновување на тротоарите со цел побезбедно движење на пешаците.
Покрај реконструкцијата на Индира Ганди , планирани се санација и обновување и на останатите улици во нашата општина.
Со подобрување на патната инфраструктура во нашата општина, се грижиме за безбедноста и сигурноста на граѓаните, затоа што тие тоа го заслужуваат.
За нас Зборот Важи!