Прес конференција, Драгољуб Филиповски – претседател на ОО СДСМ Гостивар
Почитувани граѓани на Гостивар, почитувани земјоделци,
За нас зборот е збор. Го исполнивме предизборното ветување и ја стартувавме мерката „Зелена нафта“ за земјоделците
Владата предводена од СДСМ ги слуша потребите на земјоделците и создава амбиент за тие да имаат рентабилно и конкурентно производство. Го исполнуваме предизборното ветување кон нив.
Со најновата мерка на владата – Зелена нафта, се овозможува огромно олеснување на земјоделците во производството на земјоделските производи. Со мерката Зелена нафта, земјоделските производители добиваат субвенции за користење на нафта, со што ќе се зголеми ефикасноста во производството, ќе се намалат трошоците, а со тоа и земјоделските производи ќе бидат поконкурентни на пазарот.
Со „Зелената нафта“, директно се намалуваат трошоците на земјоделците, се зголемува конкурентноста на нивните производи на пазарот, а тоа ќе донесе и поголеми приходи во нивниот домашен буџет.
Мерката предвидува 30% пониска цена за евродизел за земјоделската механизација. Со мерката ќе бидат опфатени 55.000 земјоделци на државно ниво, од кои 325 од гостиварскиот регион. Гостиварските земјоделци ,ваучерите за мерката Зелена нафта може да ги подигнат во подрачната единица на Министерството за земјоделие.
На овој начин, кај земјоделците ширум државата се враќаат околу 200 милиони денари.
Оваа Влада предводена од СДСМ прави многу за земјоделците.
Со измените на законот за земјоделско земјиште овозможуваме правилна распределба и го враќаме целокупното обработливо земјиште кај вистинските земјоделци.
-Младите земјоделци ќе бидат ослободени од плаќање на закупнина 3 години;
-Пчеларите ќе можат да добијат државно земјоделско земјиште;
-Овозможуваме изградба на објекти за промоција на земјоделски производи и спортско рекреативно објекти;
Почитувани,
Владата предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија го слуша гласот на земјоделците и останува посветена на мерките што обезбедуваат повеќе пари за земјоделците.