fbpx

Пораката е јасна, бескомпромисно против криминалот и корупцијата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговори на новинарски прашања, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ

 

Медиуми: Дали како пратеник ќе се оградите од изјавата на Премиерот Зоран Заев која што во најмала рака беше непристојна?

· Суштината во изјавата на Претседателот и Премиер, Зоран Заев, беше многу јасна и многу гласна. Дека конечно правда во Македонија ќе има. Дека правна држава конечно ќе профункционира. Без разлика кој го правел криминалот, без разлика дали се политички обоени или не се, секој кој што се огрешил пред законот, ќе одговара.

Медиуми: Зошто да се извинувате за правна држава, но за квалификациите кон новинари и хомосексуалци?

· Го знаеме добро, односот на оваа влада спрема медиумите, спрема новинарите. Знаеме дека институциите, од доаѓањето на оваа влада, не служат како алатка за репресија кон новинарите. Ги знаеме светските индекси кои што ја мерат слободата на изразување, слободата на говор, кажуваат и покажуваат реален раст во однос на слободата на изразување. Ние немаме никакви проблеми во однос на слободата на изразување. Апсолутно, кога се однесува за нешто, каде што некој новинар вели дека имал докази и притоа истите докази не ги пријавил во обвинителството.

Туку, наместо да ги пријави, за лична корист, сакајќи да привлече внимание спрема себе, злоупотребува луѓе, објавувајќи некакви колумни. Веројатно, во таа смисла, беа искажани и зборовите ‘суетен новинар’. Ние немаме никакви проблеми со слободата на говор, ниту пак на било кој начин, пробуваме да работиме на штета на слободното изразување на новинарите. Тоа е евидентно, тоа се приметува.

Медиуми: По случувањата во САД, сфативте што може да предизвика говорот на еден политички лидер, како немилиот настан во Ел Пасо, мотивиран од говорот на претседателот Трамп, дали не сметате дека може нешто такво да се лучи и тука, па некој да го нападне Боки 13 во затвор?

· Јас сум убеден дека институциите како и истражниот затвор ‘Шутка’ имаат заштитни механизми. Ги знаеме протоколите таму и јас сум убеден дека нема да дојде до ништо такво, ниту изјавата на премиерот поттикнува нешто кое што може да значи говор на омраза спрема одредена категорија на луѓе ниту изјавата на премиерот поттикнува нешто, што би можело да значи говор на омраза спрема одредена категорија на луѓе, напротив, изјавата беше јасна и недвосмислена, отворена и бескомпромисна борба против криминалот во интерес на воспоставувањето на правната држава.

Медиуми: Дали личи на премиерот да дава опис на карактерни особини на луѓе, без разлика какви се, имаше дообјаснување премиерот дека зборот којшто го искористил всушност бил опис на некоја карактерна особина, дали тоа доликува на еден премиер, а којшто патем е навреда?

· Сите знаеме дека народниот речник, во народниот говор знаеме дека изразот на што алудира. Напротив ние како владејачка партија ако некоја партија навистина работела кон реализација и подобрување и овозможување на повеќе права, особено за ЛГБТИ заедницата, тоа е владата предводена од СДСМ. Знаеме што правеа претходните влади во однос на правата на ЛГБТИ заедницата, апсолутно не станува збор ниту за навреда, ниту за поттикнување со некаква цел против ЛГБТИ заедницата или против било која друга заедница.

Медиуми: Дали СДСМ е разочаран од Катица Јанева?

· Додека не заврши истрагата, додека не ги видиме фактите и аргументите од надлежните институции, неможеме да преудицираме и неможеме да коментираме. Ние како партија, како владејачка партија во рамки на Собранието, во рамки на Извршната власт правиме се за да навистина воспоставиме систем во државата којшто бескомпромисно ќе се бори против криминалот и корупцијата, од друга страна се наметнува прашањето зошто досега и ВМРО-ДПМНЕ во рамки на Собранието го кочеше Закнот за Јавното обвинителство да сега устата им е полна со правда, евидентно е јавноста знае, малите деца знаат дека ВМРО-ДПМНЕ има една и единствна цел амнестија на криминалците на режимот.

Медиуми: Вчера во фокусот на денот беше обвинувањата од страна на градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, каде директно го обвини премиерот Заев дека преку телефонски разговор сакал да влијае врз промена на претседателот на судски совет, дали имаше средба помеѓу премиерот Заев и Блерим Беџети вчера, и дали поради нервозата од таа средба премиерот вчера ја даде таа несреќна изјава?

· Премиерот даде јасни одговори во однос на изјавата на Блерим Беџети, така што не би надополнувал ништо повеќе од тоа.

Медиуми: Дали имале средба Заев и Беџети?

· Колку што јас знам во Клуб на пратеници беа повеќе политичари, но не знам и немам информација дали беше таму и Блерим Беџети.

 Медиуми: Какви се односите помеѓу СДСМ и ДУИ?

· Коалицијата си функционира, нема никакви проблеми во однос на коалицијата, секако нормално е да и во едно семејство да има недоразбирања, но апсолутно ви тврдам дека коалицијата функционира без поголеми проблеми.

Последни вести