fbpx

Како власт ВМРО-ДПМНЕ поттикнуваше загадување, денес како опозиција се противи на повеќе пари за инвестиции во обновливи извори на енергија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Реакција на изјава на Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ

Ништо ново од ВМРО-ДПМНЕ, партијата предводена од деструктивниот Христијан Мицкоски знае само за блокади и деструкции на се што е во интерес на државата.

Како власт, ВМРО-ДПМНE поттикнуваше загадување на воздухот и животната средина, а сега како опозиција блокира законски решенија со кои ќе се обезбедат повеќе средства за инвестиции во обновливи, еколошки извори на енергија.

ВМРО-ДПМНЕ, кои блокираа носење антикризни мерки среде корона, кои блокираат Закон за нов клинички центар, сега најавуваат блокада на мерки за еколошки инвестиции, оваа партија е најголем штетник по здравјето на граѓаните.

Заради таквите нивни погубни политики државата со години беше рекордер во загадување во Европа.

Еколошките такси се неизбежен дел од политиките за здрава и чиста животна средина. Од една страна, преку нив се поттикнува користењето на поеколошки енергенси во секојдневнието, а од друга страна, на овој начин се собираат средства за зелени инвестиции кои потоа имаат повеќекратен и долгорочен ефект за економијата.

Секому му е јасно дека живееме во време кога е неопходна трансформација на начинот на кој се користат ресурсите и енергијата, а Владата ќе обезбеди цврсти механизми за средствата собрани на овој начин да бидат наменети исклучиво за зелени инвестиции и зелени работни места

Но партијата на Мицкоски се води единствено од популизам па затоа има потреба да се противи на секое решение кое е важно за долгорочно справување со загадувањето.

Последни вести