Соопштение за јавност
Денеска организациониот секретар Мартин Попов беше во посета на Валандово каде оствари средба со граѓаните на оваа општина.
„Најдоброто е препознатлив печат на СДСМ. За нас зборот е збор, затоа СДСМ минативе 4 години инвестираше многу и направи многу за граѓаните на Валандово. Над 4 милиони евра се вложени во обнова на над 8 км патната инфраструктура на општина Валандово. Саниран е и мостот на патот во селото Удово, на река Вардар, инвестиција вредна 1,5 милиони евра. Инвестираме во услови за развој на најмалите. Обновена е градинката Калинка и нејзините клонови, реконструирана е и детската градинка во село Брајковци, изградена е градинка во Бајминскиот регион, следи изградба на нова детска градинка за 50 дечиња.“- истакна Попов.
Осврнувајќи се на претстојните локални избори, Попов подвлече дека СДСМ е фаворит, затоа што го слуша гласот на граѓаните и заедно со нив ја креира најдобрата понуда за секоја општина.
„Навистина има многу проекти реализирани во различни области а отворени сме за сите ваши идеи и предлози за програмата за наредните локални избори. Сите идеи, проекти, предлози ќе се најдат во програмата за локалните избори. Дали станува збор за локално или централно ниво СДСМ е најдобриот избор на граѓаните, затоа што СДСМ е со граѓаните и за граѓаните, посочи Попов.