fbpx

Митрески: Заради теснопартиски интереси, ВМРО-ДПМНЕ застана против реформите и напредокот, одговорност за 27 април мора да има

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми,
Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата
Собрание, 21.02.2019

Неодговорно и спротивно на интересите на државата е ВМРО-ДПМНЕ да застане против реформите кои што се од искличително значење за напредокот и почетокот на преговорите со Европската унија.

Станува збор за системски законски решенија кои што се целосно усогласени и во нив се имплементирани дел од забелешките на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Одговорноста за напредокот на нашата држава е заедничка.

Ги повикувам пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да работат за доброто на сите граѓаните, а не да штитат тесно партиски интереси.

Одговорност за настаните на 27 април мора да има во транспарентна судска постапка.

Ние како Собрание сме должни да расправаме и да одлучуваме за барањата на Судот.

Граѓаните се еднакви пред законот и во интерес на сите е да се овозможат услови во јавна и транспарентна постапка да се проверат сите сомнежи.

Времето на мешање во судските процеси, во работата на обвинителството заврши.

Последни вести