fbpx

Одговорни сме пред граѓаните, очекувам повлекувања, мојата мајка даде отказ од морални причини

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговори на новинарски прашања,
Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник
Скопје, 19.02.2019

П: Господин Костадинов, дали по барањето на премиерот, роднини и функционери да си дадат оставки или отказ од вработени на новите работни места, дали вашата мајка ќе си даде отказ?

Иако мојата мајка е вработена на транспарентен оглас, објавен оглас, каде што се испочитувани сите законски процедури, јас разговарав со неа и таа ќе се повлече од работното место. Очекувам овој принцип на висок морал да го следат и останатите функционери.

П: Имате ли созданија кои ќе бидат тие, бидејќи министерот Манчевски најави дека првите откази ќе следуваат денеска.

Пред се, еве за мојот случај ќе кажам, тоа се оставки, значи си даваат оставки од работното место, не станува збор за отказ и не можам да кажам, тоа останува на функционерите, тоа е личен чин да постапат сами.

Последни вести