fbpx

Димковски на трибината „Најдоброто за нашата општина“: Го трансформиравме и унапредивме земјоделството, искористеноста на ИПАРД 2 е 81% наспроти 18% од времето на ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Последната година и пол во време на пандемијата приоритет на владата секако беше да се сочува здравствениот систем и здравјето на луѓето, вклучувајки го и социјалниот аспект, но од исто значење беше да се оддржи и здрава економија, при што се постигнаа очекуваните резултати, истакна на трибината под мотото „Најдоброто за нашата општина“, во Валандово, Трајан Димковски, од комисијата за земјоделство на СДСМ.

Тој истакна дека продолжуваат развојните инвестиции во земјоделството, наведувајќи го од крупните капитални инвестиции проектот на Јужно вардарска долина Втора фаза, инвестиција која е завршена со градба и сега е процес на формирање на задруги.

Тоа е модерна инвестиција од 24 милиони евра и ќе обезбеди наводнување на 2.100 хектари и што е најважно ќе биде управувано од самите земјоделци преку формирање на земјоделски задруги, рече Димковски.

Димковски истакна дека во моментот покрај неколку системи за наводнување во градба се и две големи брани и тоа браната Конско во Гевгелија со вкупна инвестиција од 40 милиони евра и браната на Оризарска река во Кочани со вкупна инвестиција од 30 милиони евра, а последните вакви инвестиции се градени во седумдесетите години од минатиот век.

За да има развој и оддржливост воведовме нови мерки и фер пристап за сите кои сакаат да инвестираат, ја исклучивме селективната исплата на субвенции, воведовме нови можности за младите земјоделци и земјоделки, грантот од 10.000 евра го зголемивме на 20.000 евра, можност за старт ап или започнување бизнис каде исто така можат да користат грант до 10.000 евра, воведовме за прв пат мерка за женски член или жена носител на земјоделско стопанство да добие грант до 3.000 евра, подвлече Димковски.

Тој истакна дека во делот на директните субвенции ова година ке се исплатат 110 милиони евра, како клучни измени кои се воведоа се зелената нафта, прво со субвенција од 30 отсто, а потоа и 50 отсто од цената на нафтата.

Во делот на користење на европските средства ИПАРД 2 искористеноста е 81% наспроти искористеноста на ИПАРД 1 од владата на ВМРО ДПМНЕ од само 18 проценти, Димковски на трибината под мотото „Најдоброто за нашата општина“, додавајќи дека сите исправни аграрни политики резултираа со нови откупни центри, со нови ладилници и нови преработувачки капацитети.

Последни вести