Одговор на новинарско прашање,
Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ
Скопје, 28.01.2019
П: Побара повлекување на законот за плати со коишто им се зголемуваат платите на вицепремиерите меѓутоа тоа барање е одбиено?
Секако го одбивме барањето за повлекување од дневен ред на точката поврзана за платите на вицепремиерите од причина што ставот на пратеничката група на СДСМ и коалицијата дека поддржување на дополнителни бенефиции за вицепремиери нема да има. Значи ќе гласаме против оваа точка, тоа ќе го докажеме и со самото гласање кога точката ќе дојде на дневен ред.
П: Се откажувате од зголемување на платите?
Апсолутно, да. Дополнителни бенефиции за функционерите не се потребни, бенефиции ќе има исклучиво за граѓаните, тоа е јасна определба на СДСМ и коалицијата.