fbpx

Ребалансот на буџетот носи повеќе пари за човечкиот капитал и мерки за помош на економијата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција на СДСМ, Димитар Ковачевски, член на Извршен одбор на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Ребалансот на Буџетот за 2021 година е важен чекот на патот на враќање на претходните стапки на економски раст, на поголема поддршка за економијата и граѓаните и целосно надминување на последиците од коронакризата.

Повеќе пари за капитални проекти, повеќе пари за здравството, за образованието, за земјоделството, повеќе пари за нови мерки, повеќе пари за нови вработувања се клучните цели на овој ребаланс.

Со предложениот ребаланс на Буџетот се издвојуваат 2,7 милијарди евра за инвестиции во човечки капитал, односно во образование, здравство и социјална заштита, што во однос на периодот од пред три години е повеќе за над половина милијарда евра.

Ги зголемуваме и средствата за активни мерки за вработување, од 1,3 милијарди денари на историски највисоки досега 1,66 милијарди денари или 27 милиони евра. Ова треба да резултира со дополнителен пад на стапката на невработеност која сега е на 16 отсто.

Споредено по области, со овој ребаланс, за земјоделството се обезбедуваат три милијарди денари, Заштитата на животната средина се зајакнува преку нова програма за зелен развој со 685 милиони денари, додека за здравството се обезбедуваат дополнителни над шест милијарди денари.

За областа економски работи, каде се вклучени мерките за помош,, се обезбедуваат дополнителни 6,8 милијарди денари.

Сето ова се инвестиции кои позитивно ќе влијаат ерз економскиот раст, но и врз животниот стандард на граѓаните и затоа, носењето на овој ребаланс е исклучително важен за нашата економија и за нашите граѓани.

Ги повикувам сите пратеници од сите пратенички групи, низ конструктивна, аргументтирана дебата најпрво во надлежната Комисија а потоа и во собраниска седница, да го донесат овој Ребаланс на Буџетот за 2021 година.

Како одговорна, сериозна и државотворна партија продолжуваме да градиме мерки и политики што значат поголема поддршка за стопанството, инвестиции во капитални проекти, спас на работните места и повисок животен стандард за сите граѓани

Последни вести