Актуелниот градоначалник на Валандово, Перо Костадинов е првиот потврден кандидат за градоначалник на претстојните локални избори. На трибината „Најдоброто за нашата општина“ во тој град, премиерот Зоран Заев ја потврди поддршката за Костадинов, на неколку денови пред објавата на првите дваесетина кандидати за градоначалници.
„Нема посоодветно место од Валандово, да го објавам првиот кандидат за градоначалник, за кој нема никакви дилеми ниту во општинската организација на СДСМ, ниту меѓу коалицијата. Драго ми е да го објавам првиот градоначалник, кој ќе биде и избран на следните локални избори, Перо Костадинов, човек кој тоа го заслужува“ кажа Заев.
Во моментов се спроведуваат внатрепартиските анкети и испитувања на јавното мислење за изборот на кандидатите за градоначалници и советници на претстојните локални избори.