Прес конференција,
Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник во Собранието на Република Македонија
Скопје, 11.01.2019
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Во најзначајните моменти за иднината на Република Македонија, за иднината на сите наши граѓани, Мицкоски, во филмот на Бачев, шири измислени-невистинити конструкции и лажни вести.
Најостро ги демантираме изнесените лаги на антизападниот Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Не е точно дека се врши притисок врз пратениците, ниту пак дека се под уцена.
Пионите на Груевски, Мицкоски и Бачев, се толку очајни, загубени и нервозни од тоа што се без поддршка кај граѓаните па веќе немаат идеја какви лаги, каков лажен филм да измислат.
Граѓаните знаат, целиот процес за имплементација на Договорот од Преспа се води транспарентно, инклузивно, во демократска атмосфера, како што личи на слободна, напредна Македонија.
Сета оваа штета што ја прави Мицкоски, делувањето против ЕУ и НАТО интеграцијата, обидите да го закочи процесот, вклучително и ова бегање од дебата во Собранието и постојаното пласирање на лаги, е најголемото предавство на државните и националните интереси.
Маргиналните антизападни групи предводени од Мицкоски и Бачев мора да сфатат дека со лажни вести, конструкции и невистини нема да постигнат ништо
.
Граѓаните сакаат иднина, напредок и просперитет. Македонија, граѓаните, тргнаа кон ЕУ и НАТО и враќање назад во изолација, црнила и темно минато нема да има.
Ги вложуваме сите напори да ја обезбедиме иднината за граѓаните на Македонија. Се надеваме на најдобар можен исход.
Македонија ќе биде членка на НАТО и ЕУ.
Засекогаш ќе остане запаметено: Мицкоски, Груевски, Бачев и Иванов ја попречуваа иднината, работеа против ЕУ и НАТО, но не успеаја.