Одговор на новинарско прашање
Александар Кирацовски, генерален секретар на СДСМ,
22.12.2018,
П: Господине Кирацовски ваш коментар за привилегиите за пратениците?
– Социјалдемократскиот сојуз на Македонија смета дека привилегиите треба да се движат кон граѓаните, а помалку кон пратениците. Пратениците во Собранието на Република Македонија согласно Деловникот којшто важи во овој момент се доволно привилегирани. Сега дојде време граѓаните да го добијат она што го заслужуваат, вработувања, нови инвестиции, нови работни места и подобро платени работни места. Не смееме да размислуваме во тој правец, оној којшто бил избран и именуван функционер, избран од граѓаните, утре да биде по привилегиран повеќе од граѓаните и да оди на работно место коешто впрочем можеби го заслужува некој од граѓаните.