fbpx

Николовски: Коалицијата на СДСМ ќе продолжи со успешните политики, кои значат повисоки плати, инвестиции, поддршка на стопанството

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

 

Коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ, претставува историски исчекор за нашето општество и после изборите ќе продолжи успешно да ја води државата во економски раст и развој, оцени генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, во неговото гостување во вестите на телевизијата Сител.

„За само две и пол години направивме огромни успеси. Постигнавме економски раст на БДП од минус 1,8 проценти на 3,6 проценти. Минималната плата пред само две и пол години беше 9.000 денари, денеска е 14.500. Ќе ја зголемиме минималната плата за 40 проценти, ќе продолжи зголемувањето на просечната плата, ќе отвораме нови детски градинки. Ќе продолжи овој инвестициски инфраструктурен бум, којшто го имаме како никогаш досега. Изградени се 260 км автопатишта, 300 километри експресни патишта, уште 1.500 километри рехабилитација на патиштата, милијарда евра странски инвестиции. Обезбедени се 600 милиони евра за поддршка на стопанството, од кои 300 милиони ќе бидат обезбедени од европските фондови, а 300 милиони од домашни средства“, нагласи Николовски.

Тој потенцираше дека Владата предводена од СДСМ го заокружи процесот на зачленување во НАТО, со што станавме сигурна безбедна земја и најави брза динамика на преговорите со ЕУ, односно во наредните четири години ќе бидат отворени 80 проценти од поглавјата за членство во Европската унија.

Последни вести