Реакција на прес-конференција на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ
Очигледен е стравот и паниката во ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи им стана јасно дека правда и одговорност ќе има за секој којшто го прекршил законот.
Нема веќе бегање од одговорност, криење од законот, манипулирање со судството.
Правдата функционира за секого!
Заврши времето на селективна правда, заврши времето на политички монтирани судски процеси.
Следува целосна разрешница на сите случаи на СЈО, над триесет во коишто се вклучени и високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ.
Денеска ВМРО-ДПМНЕ е во паника, затоа што точно знаат со кого нивниот претседател Христијан Мицкоски, „шурувал“, затоа што знаат дека токму Зоран Милески – Кичеец му бил десна рака, а тоа го виде и целата македонска јавност.
Јасна е поврзаноста на структурите на ВМРО-ДПМНЕ со овој случај. Свесни се дека правдата ќе ги стигне и тоа многу скоро.