fbpx

Обезбедуваме вклученост на децата со попреченост во редовната настава со вработување на 500 образовни асистенти

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција на СДСМ, Жаклина Лазаревска, пратеничка на СДСМ

Почитувани

СДСМ гради фер и правично општество со високо развиена свест за почитување и прифаќање на различностите, обезбедуваме вклученост на децата со попреченост во редовната настава.

Завршија јавните огласи за вработување на 500 образовни асистенти кои од почетокот на новата учебна година ќе бидат поддршка на децата со попреченост вклучени во редовната настава.

За таа цел се издвоени 59 милиони денари, со што за првпат системски ги решаваме вработувањата на образовните асистенти.

Образовните асистенти ќе имаат 24.000 денари месечна нето плата и ќе бидат вработени во петте основни училишта со ресурсен центар „Златан Сремец“ и „Иднина“ од Скопје, Завод за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор, глас и други проблеми во развојот „Кочо Рацин“ од Битола, „Климент Охридски“ од Ново Село и ОУРЦ „Маца Ѓоргиева Овчарова“ од Велес“.

Учебниците согласно новата Концепција за основно образование, за прво и четврто одделение ќе бидат адаптирани на потребите на учениците со попреченост, а развиен е и аудио читач кој ќе може да ги чита наставните материјали на македонски и на албански јазик.

Обезбедуваме инклузивно образование достапно за секое дете, сите лица со попреченост да имаат еднакви шанси за развој и придонес во општеството.

Инвестираме во иднината, продолжуваме да го менуваме образованието кон подобро.

 

Последни вести