fbpx

Официјалните податоци ги демантираат сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ кои не можат да се помират со економските успеси на Владата предводена од СДСМ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Официјалните податоци ги демантираат сите лаги и измислици на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски кои во неможност да се помират со економските успеси на Владата предводена од СДСМ продолжуваат да пласираат тешки лаги и дезинформации за наводен пад на стандардот и задолжувања.

Деструктивното ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет да увиди дека може да се работи во интерес на граѓаните и државата, дека може да се гради силна и развојна економија кога постојано се преземаат ефикасни политики.

Република Северна Македонија се раздолжи за 500 милиони евра за еврообрзницата, со што јавниот долг е намален за 4,358 процентни поени.

Буџетот е ликвиден, приходите од почетокот на годината бележат раст од 15,6 отсто во однос на истиот период лани, а расходите се реализираат навремено и редовно.

Сите економски политики на Владата предводена од СДСМ ги даваат очекуваните резултати.

Наш врвен приоритет останува благосостојбата и грижата за граѓаните, во тој правец е и растот на просечната плата која во моментот изнесува 28.721. Паралелно бележиме и рекордна економска активност во Индустриските зони и историски пад на нивото на невработеноста.

Наместо да се затскрива зад партиски реакции, го охрабруваме Мицкоски да учи од премиерот Зоран Заев и Владата како се води развојна економија и како се работи за интересите на граѓаните.

Последни вести