fbpx

Студентите да се пријават за мерката субвенциониран оброк, обезбедуваме 2.400 денари месечно за секој студент

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Марко Михаилоски, претседател на СДММ

Убава вест за сите редовни студенти.

Измената која ја иницираше и потекна токму од Социјалдемократската младина, субвенциониран студентски оброк за 40.000 активни студенти е во финална фаза на реализација.

Од први август започнато е аплицирањето за остварување на правото на сите редовни студенти

Министерството за образование и наука веќе објави и јавен повик.

Со ова, 40.000 активни студенти, секој месец на својата сметка ќе добиваат по 2.400 денари за субвенционирани оброци.

Со оваа мерка околу 15 милиони евра директно ќе завршуваат на трансакциските сметки на студетните.

СДММ се води од интересите на студентите, на младите.

СДСМ постојано инвестира во унапредување на условите за живот во студентските домови.

Минатата година заврши целосното реновирање на најголемиот студентски дом Гоце Делчев. Инвестициите во подобри услови за студентите ги сметаме за капитално вложување во иднината на државата. Токму затоа, годинава започна и Проектот за енергетско-ефикасна рехабилитација на студентските домови, започнувајќи од домот ,,Стив Наумов’’, а ќе продолжи во студентските домови во Прилеп, Битола, Охрид и Штип.

Сето ова се мерки и политики кои се во насока на унапредување на студентскиот стандард, за да имаме задоволни и мотивирани студенти.

Како социјалдемократска младина, како одговорна партија продолжуваме со реализација на квалитетни и остварливи младински политики што се во интерес на секој млад човек.

Обезбедуваме европски стандарди за студирање и работа дома, во својата татковина.

Последни вести