fbpx

Ласовска, Трајанов и Стаменкоска од ВМРО-ДПМНЕ на чело на блокадите за раст на платите на наставниците

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ, повеќе од три месеци ги опструира законските измени со кои се обезбедува постојан раст на платите и подобар статус на наставниците и стручните соработници.

Повеќе од јасно е дека тројцата пратеници, Ласовска, Трајанов и Стаменкоска, на деструктивната ВМРО-ДПМНЕ по налог на Христијан Мицкоски ја опструираат работата на надлежната собраниска комисија.

Како последица на ваквата деструктивност на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски наставниот кадар не може да добие повисоки плати.

ВМРО-ДПМНЕ без чувство на одговорност се противи наставниците и стручните соработници да имаат правна и економска сигурност.

Со оваа блокада ВМРО-ДПМНЕ е и против тоа 4.700 наставници и стручни соработници во образованието да добијат трајно вработување.

Ваквото газење по достоинството на наставниците и непочитување е препознатлив печат на ВМРО-ДПМНЕ, тоа го правеше и во времето на режимот.

Наставниците не се виновни што Мицкоски нема идеја, план, програма, што нема никаков концепт за граѓаните. Напротив, наставниот и стручен кадар е клучна алка во воспитно-образовниот процес.

Апелираме до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да застанат на страната на наставниците и наместо да блокираат, да ги одберат реформите во образованието.

Образовните реформи се во интерес на граѓаните, на наставниците, на образовниот процес, на учениците.

Последни вести