Во Центарот за управување со кризи состојбата со пожарите се следи преку системот НИКС (Next generation incident command) кој дава податоци во реално време и кои потоа се дигитализираат, со што се олеснува детектирањето и локализирањето на пожарите. Покрај ова, како помош во справувањето со огнените стихии во се вклучија и експерти за високоризични пожари од Франција, Црна Гора и САД.
Како што информираше директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов на прес-конференција, НИКС системот служи за просторно прикажување податоци во реално време и дава визуелна претстава за состојбите со пожарите.
Тој објасни дека дигиталноможе да се следи кој било пожар, да се види каков е неговиот статус, дали е изгаснат, дали е активен, дали е под контрола. Доколку е активен да се види колку припадници на противпожарните служби се на терен, од странските и од домашните, колку припадници на полицијата и на Армијата се ангажирани, колку цистерни се мобилизирани и колку возила…
Еден од авторите на системот,Урим Вејсели, на прес-конференцијата посочи дека проектот започнал во 2016 година и е дел од НАТО програмата „Наука за мир и безбедност“. Во проектот учествуваат Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора, а вклучени се и САД.