fbpx

Исправивме децениска неправда, 13.000 стечајни работници денес добиваат месечен надоместок

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција на СДСМ, Милан Живковиќ, претседател на Комисија за труд и социјална политика на СДСМ

Почитувани,

СДСМ како одговорна партија во континуитет покажува вистинска грижа за сите граѓани. Речиси 13.000 лица, кои останале без работа поради стечај, ликвидација и како технолошки вишок во претпријатијата во доминантна сопственост на државата, сега добиваат месечен надоместок од 9.242 денари месечно до пензионирање или до
вработување.

СДСМ од 2017 година во неколку наврати го решаваше статусот на стечајците, а со последните измени и дополнувања на законот, право на материјално обезбедување, во висина од 34% од просечната месечна нето плата исплатена по работник во претходната година, добија уште 1.100 лица.

Со ова реализираме уште едно предизборно ветување и исправаме децениска неправда нанесена на наши сограѓани, кои без своја вина ја загубиле работата.

Овие наши сограѓани и сограѓанки својот век го дале за татковината и затоа Владата предводена од СДСМ смета дека неопходна е потребата да инвестираме во човечкиот капитал, а не во споменици и стиропорни фасади како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ.

Продолжуваме и понатаму посветено да креираме и реализираме мерки и политики, кои обезбедуваат достоинствени услови за живот на ранливите категории, за унапредување на животниот стандард на сите граѓани.

„Едно општество за сите“ е концепт на фер и правично општество, а тоа го покажуваме преку грижата на едни од најранливите: стечајните работници и работнички и долготрајно невработените лица.

Почитувани, СДСМ се грижи за сите граѓани и ги враќа парите назад кај нив, а ВМРО-ДПМНЕ се грижи само за обнова на режимот и колку повеќе да земе од граѓаните.

Разликата е јасна.

Благодарам

 

Последни вести