Соопштение за јавност
Новиот број заразени со коронавирусот е последица на саботажите и крајно неодговорното однесување на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев кој се води само од интересите на неговиот шеф Христијан Мицкоски.
Нoвозаразените, дошле во допир со коронавирусот во време кога не беа олабавени мерките, кога полицијата по налог на Чулев не ги казнува несовесните граѓани, кои го загрозуваат јавното здравје.
Полицијата предводена од Чулев не ги казнува лицата кои не почитуваат самоизолација, не ги казни оние од литијата во Струга, навивачите пред црквата Свети Спас, учесниците во орото во Чаир, граѓание кои не носат маски и не почитуваат дистанца..
Чулев, наместо да ги заштитува граѓаните, го неговиот шеф Мицкоски кој и самиот ги прекршуваше мерките и задолженијата.
Ништо не може да го заштити здравјето на граѓаните повеќе од целосно функционални институции со полн легитимитет од граѓаните, ослободени од политички кочници и калкулации на ВМРО-ДПМНЕ, која се однесува крајно деструктивно во текот на целата пандемија.
Избори час поскоро, во законскиот рок на 5 јули, се решение за незрелото и несериозно однесување на Христијан Мицкоски и Наќе Чулев и сите кадри на ВМРО-ДПМНЕ во преодната влада.