fbpx

Од први септември наставата започнува со физичко присуство, апелираме да се почитуваат протоколите за заштита на здравјето

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Создавањето на услови за квалитетно образование е еден од врвните приоритети на Владата предводена од СДСМ и Министерството за образование и наука.

За таа цел, Владата донесе одлука од 1 септември наставата во основните и средните училишта да започне со физичко присуство во сите училишта, за што се подготвени сите протоколи за заштита на здравјето.

Од исклучителна важност е целосно почитување на протоколите за настава со физичко присуство, бидејќи само на тој начин сите ќе го заштитиме своето и јавното здравје.

Исклучоци од физичка настава се предвидени за учениците кои во семејството имаат хронична болест или самиот ученик боледува од хронична болест, или поради немедицински причини, за што одлука ќе носи самото училиште ако има аргументација за тоа.

Во случај на промени во епидемиолошката состојба, образовниот систем е подготвен за три сценарија – целосно физичко присуство, целосно онлајн и хибридно. Во моментот Владата има одлука да се започне со физичко присуство согласно нашите, но и искуствата на развиените земји.

Дополнително, во образовниот систем вакцинирани се 69%, што е два пати повеќе од националниот просек. Тоа укажува на високата свесност на наставниците за вакцинацијата, а очекувањата се оваа бројка за брзо да порасне над 80%.

Воедно, апелираме до граѓаните, за наставниот процес да се водат по официјалните информации кои ги објавуваат надлежните институции, предводени од Министерството за образование и наука.

СДСМ преку Владата и институциите што ги предводи продолжува со посветено и одговорно работење кое е во интерес на наставниците, учениците и нивните родители.

Последни вести