fbpx

Градежната офанзива низ целата држава не сопре ниту за време на коронакризата, забрзано се реализираат капиталните проекти

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

СДСМ во изминативе речиси три години покажа како се работи домаќински и одговорно и како се гради по план.

Капиталните проекти продолжија со изведба со забрзана динамика и за време на кризата предизвикана од коронавирусот

За помалку од три години рехабилитиравме повеќе од 750 километри патишта.

Источниот регион го доби првиот автопат Миладиновци – Штип, а во моментот се градат и експресните патишта, Штип-Радовиш, Штип-Кочани и Ранковце – Крива Паланка.

Истовремено, се рехабилитираа и постоечките патни правци: Штип-Радовиш, Крупиште-Пробиштип, Кочани-Македонска Каменица, Делчево- Граничен премин со Бугарија, Ранковце-Крива Паланка, Куманово-Свети Николе.

За првпат по неколку децении изграден е мост на реката Брегалница, а наскоро започнува изградба на браната Отиња.

Измината година и годинава, нашата земја, во услови на корона криза, заврши 80% од магистралната гасификација, проект кој се одолговлекуваше речиси 20 години.

Интензивно се работи и на локалната инфраструктура во фаза во која е отпочната изградба на дополнителни 500 километри водоводи и канализации за што се обезбедени 100 милиони евра за сите општини во земјата.

Во идниот период продолжуваме и со рехабилитација на 1.500 километри патна инфраструктура и изградба на автопатишта, експресни и локални патни правци.

Кризата ни покажа од колкава важност е патната инфраструктура и за да се спаси човечки живот.

И токму затоа остануваме фокусирани на изградба на модерна, брза и ефикасна инфраструктура за побрз и поефикасен транспорт низ целата држава.

 

Последни вести