Соопштение за јавност
Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев покажа дека нему единствено му е важно како да го одбрани својот шеф, Христијан Мицкоски.
Наместо да обезбеди спроведување на мерките за спречување на пандемијата и да ги заштити граѓаните, Чулев смислува начини како да го оправда скандалозното признание на Мицкоски, кој кажа дека се јавувал во внатрешната контрола, за да врши притисок за случајот “Теретана”.
Чулев, уште поскандалозно отиде до таму, што од позиција на прв човек на МВР кажа дека секој можел да се јавува кај вработени во МВР и да врши притисок за отворени истраги, со што го поткопува интегритетот на вработените во МВР и поттикнува ургенции и притисоци.
Очигледно е дека Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ прават се’ да ја држат земјата во неизвесност и да создадат политичка криза.
Нивното деструктивно однесување е недозволиво и затоа изборите се решение, а не проблем.
Со ново Собрание и со нова политичка Влада, со целосен легитимитет, институциите целосно ќе бидат посветени на почитување на законите и заштита на здравјето на граѓаните – особено во период кога се олеснуваат мерките и кога сите треба да се подготвуваме за новиот бран на коронавирусот наесен.