fbpx

Третиот пакет економски мерки ќе ја зголеми приватната потрошувачка и ќе стимулира раст и промоција на домашните производи и услуги

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Третиот пакет на економски мерки усвоен од Владата предводена од СДСМ ги опфаќа сите невработени лица, социјално ранливите категории, младите, домаќинствата со ниски примања и медицинските лица. Овој пакет ги опфаќа и сите сектори погодени од кризата, домашните фирми, извозните компании, услужната дејност, земјоделството и туризмот.
 
Пакетот во вредност од 355 милиони евра наменет за 730,000 корисници, ќе ја трансформира нашата економија и ќе ја направи поконкурентна, ќе ја зголеми приватната потрошувачка, и ќе стимулира раст и промоција на домашните производи и услуги.
 
Вклучува платежна картичка од 150 евра за македонски производи и услуги за околу 100,000 граѓани.
 
Оваа картичка ќе ја добијат сите невработени лица, баратели на работа кои немаат над 15,000 месечни приходи, како и примателите на гаранатирана минимална помош, а со неа, во период од 30 дена ќе можат да се купуваат домашни производи и услуги, но и да се плаќаат тековни сметки. Оваа картичка ќе можат да ја добијат и лицата кои имаат блокирани сметки.
 
Третиот сет на мерки, со 16 милиони евра, го поддржува и македонскиот туризам.
 
Сите вработени граѓани што примаат плата помала од 15,000 нето месечно и немаат други приходи, ќе добијат ваучер за користење сместувачки капацитети во земјата од 100 евра и платежна картичка од 50 евра за купување на домашни производи и услуги.
 
Поддршка од 9 милиони евра за 100,000 млади, студенти и средношколци.
 
Мерката опфаќа ваучери од најмногу 100 евра за покривање на партиципација во Универзитет како и сместување во студентски, ученички домови и регистрирани сместувачки капацитети за студенти и средношколци.  Младите ќе добијат и платежна картичка, во вредност од 50 евра за домашни производи и услуги.
 
Со 3 милиони евра, ги поддржуваме младите да стекнат нови знаења кои ќе им овозможат брзо вработување во новата развојна економија. Оваа мерка ќе опфати од 7,000 до 10,000 млади до 29 години, кои ќе посетуваат академии во земјава за дигитални и ИТ вештини.
 
СДСМ преку овој пакет ги заштитува работните места на граѓаните и креира нови можности, заедно да ја победиме кризата со коронавурусот. 
Последни вести